Изложбена поставка на која ќе се презентира риболовен алат со кој се ловело од праисторија до денес, стари фотографии од рибари и рибарски фамилии, макети од стариот охридски чун, фрлање и влечење влак, плетење рибарска мрежа, се само дел од содржините на изложбената поставка која во организација на спортско риболовните друштва “Свети Апостол Петар”, “Јадрански слив” и “Рибарска вистина”, ќе се одржи денес во рамки на манифестацијата Денот на рибарите .


За прв пат ќе биде организиран натпревар во подготвување плашици според стари домашни рецепти, како и натпревар во фрлање сачма.

Изложбената поставка која е насловена “Денес за вчера” ќе се одржи на просторот кај старата библиотека, а ќе започне на пладне.

Како што информираат организаторите, идејата е присутните гости да видат како изгледал Охрид во минатото кога риболовот бил еден од основните начини за егзистенција на голем број семејства во Охрид.

OhridNews