Големата сала при Општина Охрид, синоќа, беше претесна да ги прими сите љубители на уметноста и хумани луѓе, на концертот на професорите и учениците при ОМУ „Методи Патче“, што го организираше лајанс клубот „Лихнидос“ од Охрид.
Средствата собрани од концертот ќе бидат наменети набавка на специјално возило за лицата со посебни потреби во градот, и други хуманитарни цели.
ЛК „Лихнидос“, исто така, на 24-ти декември,во соработка со Народниот театар Охрид и Центарот за култура организира хуманитарна театарска претстава. По тој повод Народниот театар ќе ја изведе извонредната претстава „Ај да си речиме уште една“.
Охриѓани имаат хумано срце
Овие активности се дел од широката хуманирана акција „Декември – Месец на отворени срца“ во која учествуваат невладини организации, претпријатија и институции.