Кошаркарскиот клуб АВ Охрид со нов адут во составот ќе му се спротистави на Кожув во 15-та рунда во Првата кошаркарска лига. Охридскиот клуб го ангажираше Фил Хенри кој претходно успешно ги мина медицинските прегледи.

202-сантиметри високиот играч треба да биде од голема помош за тимот на АВ Охрид во играта под обрачите. 26-годишниот кошаркар тренираше со соиграчите и максимално подготвен е за средбата со Кожув која е од исклучителна важност за охридските „сино бели“.

Останатите кошаркари во ростерот на АВ Охрид одморија од тешкото гостување кај Рогашка во Втората АБА лига и максимално фокусирано го чекаат „второ финале“ за пласман во плејофот во Првата лига.

Натпреварот со Кожув во Гевгелија се игра в сабота во 17 часот, а Ohrid News ќе врши директен пренос од спортската сала „26 април“.

OhridNews