Во текот на вчерашниот ден, Здружението за заштита на животните “Анималиа” – Охрид, на паркингот кај поранешниот полигон за мали спортови ја реализира акција насловена како „Дом за бездомните животни”.

Охриѓани имаа можност да донираат материјали за изработка на куќарки за животни, кои потоа во соработка со општината и граѓаните ќе бидат поставени на одредени локации во Охрид.

Идејата за кацијата бше да собере материјал од граѓаните, кој може да го искористиме за изградба на куќарки наменети за бездомните животни. Во секој случај, главната цел беше да се покрене свеста кај луѓето за овој проблем и да се сфати дека навистина за ова животни потребно е прифатилиште каде тие привремено би биле сместени, хранети и негувани до моменто на нивното вдомување.“ – истакна Димитар Ставрески.

Тој потенцира дека куќарките кои во идниот период ќе бидат направени, со дозвола од локалната власт ќе бидат привремено монитрани на оние места каде има кучина-бездомници.

Ова е привремено решение за зимскиот период, а потоа истите тие куќарки ќе бидат отстранети. Моментално соработуваме со општинатата, а забележавме дека и во програмата на градоначалникот Бакрачески е споменат овој проблем. Доставивме писмо до градоначалникот со предлог проекти, кој соддржат примери од странските земји каде успешно функционираар прифатилишта за бездомните животни.“ – додава Ставрески.

O.T.