Голем број охриѓани беа дел од Хуманитарната предновогодишна забава на Здружението за заштита на животни „Анималиа“ која се одржа попледнево во кафе барот „Галерија“.
Присутните имаа можност да донираат средства потребни за набавка на храна, медицински лекови и хигиенски средства за привремено згрижените бездомни животни во стационарот кај Мауцкер. На забавата беа присутни и мали кученца кои бараат нов дом, а се изврши и промоција на веган нескафе со оризово/соино млеко.
Акцијата на „Анималиа“ ја поддржаа и членовите на Лајонс клубот „Лихнидос“ кои донираа одредена сума на средства. Исто така акцијата ја поддржа и кафе барот „Галерија“ издвојувајќи определен процент од прометот кој беше остварен во рамки на хуманиот настан.
OhridNews