Шест ракометни генерации се сплотија во едно и заедно со граѓаните на Охрид ја поддржаа хуманата акција “Го сакам Охрид“ на Црвениот Крст Охрид и Општина Охрид.


Охриѓани во доста голем број дојдоа во салата “Билјанини Извори“ да го проследат хуманитарниот ревијален натпревар помеѓу Ракометниот клуб Охрид 2011 и ветараните на охридскиот ракомет. Мечот заврши без победник 20-20, но исходот од овој меч беше во втор план бидејќи на теренот продефилираа големи ракометни имиња.


Пред почетокот на хуманитарниот ревијален натревар на присутните им се обрати живата легенда на охридскиот спорт Леко Радиќ, кој истакна – Многу сум возбуден, што неможам да ги сокријам емоциите. Како вчера да беше кога се собиравме и почнувавме да го заживуваме ракометот во Охрид.

На ревијалниот натпревар “Го сакам Охрид“ имаше место и време за иднината на ракометот во Охрид. Први на теренот истрчаа дечињата од школите Р.К Охрид 2011 и Р.К Седмерец на возраст од 7 до 11 години, а потоа силите ги одмерија во категориите од 11 до 16 години.


Тренерот на Р.К. Охрид 2011, Горан Андоновски настапуваше за ветаренатите кои успеаја да им одделеат на нападите на далеку помладите противицни.

Ова беше спој на неколку ракометни генерации што навистина ме радува. Вакви хуманитарни акции нека има повеќе во нашиот град и нека ова прерасне во традиција. На ревијалниот натпревар најмногу ме израдуваа дечињата од школите Р.К Охрид 2011 и Р.К. Седмерец како се покажаа на мечевите бидејќи тие се нашата иднина – рече Андоновски.


Претседателот на Р.К Охрид 2011, Атанас Поп Стефанија потенцираше – Многу сум задоволен што се организираше ваков настан по повод патрониот празник на Охрид, Свети “Климент Охридски“ и се надевам дека ова ќе прерасне во традиција.


Хуманитарниот ракометен спектакл со настап го збогатија хип хоп групата “The Freaks“ и најголемата група од детската градинка “Јасна Ристеска“.


Собраните средства од билитети ќе бидат донирани за помош на дневниот центар “Зраци“ и за спортски реквизити за детските градинки во Охрид.

Мх.П.