Со мечот против новиот суперлигаш, охридските ракометари ја спуштаат завесата во мечевите од Првата ракометна лига. Во последната рунда во СРЦ “Атина Бојаџи“ гостува штипски Текстилец.


– Текстилец покажа дека е најдобра екипа во нашата лига и заслужено во наредната сезона ќе се натпреваруваат во Супер лигата. Ние како и секогаш одиме на победа и сакаме со победа ја завршиме оваа изненадувачки успешна сезона за нас – вели претседателот на клубот Атанас Поп Стефанија.

Од клубот ги повикуваат сите љубители на ракометот да присуствуват на натпреварот кој ќе се одигра со почеток во 19:00 часот.

М.П.