Во рамки на “Неделата на срцево-садови заболувања” , а под мотото “Здравите животни навики како превенција од срцевосадови
заболувања”, Црвен крст Охрид денеска организира рекретаивно пешачење, возење велосипед, ролање и други активности.
Собирното место е е во 10 часот на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“од каде учесниците во рекреативниот марш ќе се упатат кон патека покрај езерото, до плажата Горица 1 – кај Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид. Таму медицински екипи на Центарот за кардиоваскуларни заболувања и Црвениот крст ќе вршат мерење на крвниот притисок и ќе даваат корисни совети.
Предвидени се и повеќе интересни спортско-забавни содржини, корисни физички вежби, здрава храна и награди.