Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, денеска ќе го реализира едукативниот проект „Како возиме на кружен“?
Според програмата за реализација, предвидено е да се одржи промоција на едукативното ЦД со видео презентација за правилата и прописите при движење на кружните крстосници.
Исто така пред кружната крстосница на булеварот „Туристичка“, кај „Охридска банка, ќе биде поставен сообраќаен пункт каде, претставници на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и на сообраќајната полиција, на учесниците во сообраќајот ќе им ги подели ЦД-та со снимениот материјал.
Целта на проектот „Како возиме на кружен“ е потсетување и запознавање со сообраќајните правила и прописи за безбедно одвивање на сообраќајот на кружни крстосници, подигнување на јавната свест за зголемена безбедност во сообраќајот, почитување на сообраќајните правила и прописи и унапредување на сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.
OhridNews