Здружението на граѓани „Христо Узунов“ од Охрид, ќе се приклучи на протестот против фашистичката парада на грчката армија, што во организација на коалицијата „МАНАПО“ ќе се одржи на 9-ти април пред конзулатот на Република Грција во Скопје.

На протестот што ќе се одржи под мотото „СТОП НА ГРЧКИОТ ФАШИЗАМ“ ќе бидат упатени барање до грчката влада за:

-Извинување на македонскиот, албанскиот и турскиот народ

-Откажување од барањата и притисоците за промена на уставното име на Република Македонија

-Признавање и почитување на правата на сите етнички малцинства во Грција

-Враќање на граѓанските, имотните и наследените права на насилно прогонетите граѓани од периодот после Балканските војни и граѓанската војна во Грција.

Организаторот најавува дека протестот ќе биде достоинствен и без провокации кои можат да предизвикаат тензии.

OhridNews