Охридскиот подмладок наредниот викенд ќе замина за Венло, Холандија каде ќе одигра серија пријателски натпревари со реномирани холандски клубови. При гостувањето во кампот, трнерите на охридскиот подмладок Ѓоце Крстаноски и Борче Џајкоски ќе може да на лице место да се запознаат со техниките кои ги имплементираат холандските клубови, кои во светот важат за едни од најдобрите при работата со млади категории.



Во рамките на програмските активности на ФК Охрид за оваа година планирана е посета на кампнот на Венло во истоимениот град, каде нашите надежи ќе одиграат неколку тест средби – не информираше секретарот на клубот Милчо Ристески.

Првиот натпревар на 26. ќе биде против Рода, нареден противник на 27. ќе биде Венло, додека мини турнејата ќе финишира на 28. со мечот против Барло.

Охриѓани ќе имаат убава можност не само да одиграат серија пријателски натперварити туку и да се наметнат кај скаутите кои го најавија своето присутво на натпреварите.

Охридските кадети нижат победи

М.П.