Црвениот Крст на град Охрид во соработка со Операција Флоријан од Велика Британија денеска ќе го промовира тимот за обука по Прва Помош, кој ќе фонкционира во рамките на Организацијата. Промоцијата ќе биде интерактивна, а ќе бидат вклучени сите заинтересирани граѓани и посетилители.

Промоцијата исто така претставува и акција за кратка обука по Прва Помош на сите заинтересирани. Акцијата ќе започне на пладне (12:00) на плажата Куба Либре а ќе продолжи по поголемите и попосетените плажи на охридското крајбрежие, а ќе заврше на градскиот плоштад со манифестација која ќе започне од 16:00, а ќе трае до 19:00 часот.

На градските плажи посетителите ќе бидат обучувани за брзо санирање на повредите кои може да настанат во таа средина, а ќе се приклучи и Единицата за Спасување на Вода која функционира во рамките на Црвениот Крст на град Охрид. На градскиот плоштад, пак, ќе се врши обука преку специјални сценарија во кои ќе се инволвирани и младите актери од градкиот театар од Охрид. Преку реални ситуации сите посетители ќе може да се обучат за решавање на проблемите при таквите ситуации.

Целта на манифестацијата покрај кратката обука за заинтересираните и промоција на тимот инструктори е да се соберат средства за набавување на дефибрилатор (апарат кој значително ја зглоемува веројатноста за враќање во живот на повредени кои имаат престанок на работа на срце и дишење, а кој може да го користат СИТЕ лица кои би поминале само 10 минутна обука). Имајќи го овој апарат Организацијата преку својот тим за брзи интервенции ќе им овозможи на граѓаните и посетителите на град Охрид поголема сигурност.

Во исто време се собираат средства и во Великка Британија преку Операција Флориан со цел да се купат што е можно повеќе дефибрилатори кои ќе бидат достапни на СИТЕ граѓани и посетители во градов.

OhridNews