Поевтините производи и препознатливиот квалитет на најголемиот производител на леб и печива АД „Жито Леб“, го привлекуваат вниманието на охриѓани. Од неодамна тие можат да купат леб по уште пониска цена, а за довербата „Жито Леб“ им возвраќа со пријатни изненадувања“.

Во сите продавници низ Македонија во тек е промотивна акција на леб тип 500 од 550 грама. Со секој купен ваков леб на „Жито Леб“ следат гратис две лајбици со сусам од по 50 грама.

Претходно „Жито Леб“ изврши намалување на цената на белиот леб од 470 грама, кој сега се продава по нова, за два денари пониска цена и ќе чини 20 денари. За еден денар поевтини и белиот леб сечен на парчиња на „Жито Леб“, кој се продава по цена од 23 денари. 

OhridNews