Со палење на маалски огнови и песна охриѓани ќе го одбележат празниот Василица – Стара Нова година. По традиција еден од најмасовните собири ќе биде на улицата „Железничка“.

Општина Охрид обезбеди артикли и се’ што беше потребно за прославата на дочекот на Стара Нова година – Василица за жителите на Урбаната заедница „Железничка“, чиј  Василичарски одбор го организира најмасовниот дочек во градот, информираат од локалната самоуправа.

Во рамки на проектот „Од 20 до 20 сите во Охрид“, утре на новата сцена кај малиот плоштад кај Мини маркет ќе се одигра новогодишната театарска претстава – ПХВ Шоу (Промоција на хумани вредности Шоу) од Клубот на млади при ООЦК Охрид, следуваат и Трката на келнерите, Изложбата на отворено на најубави фотографии од Охрид, Фестивалот на графити и модерна уметност, концертот на Фолтин… 

OhridNews