Десет бода од можни петнаесет собраа охридските второлигаши по првите пет рунди од шампионатот. Добриот старт ги позиционираше на третото и четвртото место на табела. Еве што велат бројките по ова петто коло.

Охрид 2004

1. реми за охридските бели во овогодинешниот шампионат

3. место на табелата, трет примен гол во првенството. трет жолт картон за Митрески во лигата.

4 – ти натпревар во низа без пораз, плус 4 гол разлика

5 – ти натпревар во низа како први го отвараат резултатот. Три добија, еден ремизираа, и на еден претрпеа пораз.

6 жолти каратони на мечот со Тиквеш, пожолтеа Карамачоски, Мартиноски, Ѓорески, Митрески, И. Клечкароски, Ничевски. Дарко Клечароски е шестиот играч кој ја погодил противничката мрежа.

7 постигнати погодоци во петте рунди , на секој меч охриѓани ја тресат мрежата на противникот. И.Клечкароски два пати, додека Дејкоски, Китрозоски, Мартиноски, Ничевски, Д. Клечкароски по еднаш.

10 освоени бода по првите пет рунди.

309 минути мируваше мрежата на Карамачоски.

Охрид Лоте

1. победа по серијата од два меча пост.

2. пресврт по негатива на полувремето. Влазерими – Охрид Лоте 4-5(3-1) , Охрид Лоте – Цементарница 3-2 (1-2).

3. Толески е третиот играч кој постигнал два гола во дресот на Охрид Лоте.Три жолти картони на мечот со Цементарница. Стојаноски, Стојкоски и Бочески влегоа во бележникот на Јанчевски.

4 – то место на табелата, четврти меч во низа како примаат гол.

6 фудбалери ја затресле мрежата на противникот , Толески, Димоски, Стојаноски по два пати, Трајаноски, Волчески и Стисниоски по еднаш

8 примени гола во досегашниот дел од првенството.

10 бода од можни петнаесет..

11 постигнати погодоци, заедно со тимот на Тиквеш, составот на “градежниците„ се најефикасната екипа.

М.П.