На познат бизнисмен од Охрид во период од една недела два пати му било искршено возилото од крадци, кои детално ја „прегледале“ внатрешноста. И во двата случаи возилото на бизнисменот билo на паркиранo на јавно место, покрај познати објекти.
Бизнисменот двете кражби ги пријавил во полицијата, од каде го информирале дека таквите кривични дела во Скопје се секојдневие и дека дневнно се регистрираат 30 – 40 кражби на автомобили.
Овој фрапантен податок упатува на заклучок дека кражбите на автомобили во Скопје не се случајни инциденти, а возилата особено на граѓаните од внатрешноста се нивна мета. Тоа пак, ја наметнува потребата од поголема заштита и подигнување на нивото на јавна безбедност од страна на системот, кој покажува немоќ во справувањето со ваквите девијантни појави.
Од полицијата, пак, ги советуваат граѓаните да бидат внимателни и да не оставаат вредни работи во своите возила, бидејќи на тој начин стануваат потенцијална мета на крадците.
OhridNews












