Фудбалската федерација на Македонија ја укина забраната за вршење на трансфери на фудбалери од и во клубот во националното првенство, како и забраната за вршење на меѓународни трансфери на Ф.К.”Охрид 2004″ од Охрид.


На ден 12.07.2010 година се доставени докази до Дисциплинската комисија на ФФМ,(копија од извод од ФФМ) од каде што може да се утврди дека Ф.К.”Охрид 2004″ од Охрид ги подмирил паричните обврски кои произлегуваат од Одлуките донесени од страна на органите и телата на ФФМ.

Преодниот рок за трансфер на играчи завршува на 15 јули. Стартот на новото првенство е на 8 август.

Ohridnews