Во рамките на 21 коло од Суперлигата подмладениот тим на Климент Охридски денеска од 16:30 во Скопје се среќава со Металург.

Скопјани се апсолутни фаворити во дуелот кој најблаго кажано ќе биде нерамноправен. Поради добропознатите случувања и откажувањето на главниот спонзор на клубот на полусезоната, охриѓани со средства на локалната самоуправа и на неколку фирми од градот ќе го доиграат првенството.

Целта е да не се дозволи распаѓање на клубот, како и да се изнајде квалитетен спонзор кој ќе ја преземе екипата  која од наредната сезона сигурно ќе игра во понизик ранг.

Г. Момироски