Соиграчите од легендарната охридска фудбалска генерација, најблиските роднини и спортските работници од Охрид му се поклонија на големиот капитен, фудбалер и пред се човек Војислав Спасески.

Спасески, кој остави неизбршлив белег во охридскиот фудбал почина во саботата на 75 годишна возраст.

– Сакаме да изразиме сочуство до неговата фамилија. Со него не врзуваат само убави спомени и работи. На почетокот на нашите фудбалски кариери тој ни беше соиграч и голем другар, кој секогаш ни даваше бесценети совети. После завршување на фудбалските кариери често се гледавме по охридската чаршија и поминувавме повеќе време од денот заедно. Се присеќававме на нашите успеси и ги оживувавме спомените. – коментираа неговите поранешни соиграч од Фудбалскиот клуб Охрид.

Спасески беше капитен и предводник на Ф.К.Охрид во легендарниот натпревар на „Грашница“ со Борац од Бања Лука во 1/16 финалето од Купот на Југославија одигран август 1973 година.

Фото : архива
Ohridnews