Прво место на табелата, најдобар стрелец во лигата, најдобар напад и втора најдобра одбрана во лигата за охридските “рибари“ по 14 . рунда во првенството.   Осмиот пораз во првенството силно го пали алармот во составот на “градежниците“.


1 место на табелата,  три бода пред двоецот Тиквеш, 11 Октомври, прв жолт картон за Џалески.

2 фудбалери ја затресоа противничката мрежа на мечот со Локомотива, втор натпревар на “Билјанини“ како постигнуваат четири погодоци. Претходно на мечот со Цементарница мрежата на гостите се затресе четири пати. Само втор гол примен на домашен терен

3 гола на Клечкароски, трет пенал во првенството успешно трансформиран во погодок.

4 -1

5 победа во низа

6 победа во последните седум меча.

7 од 7 на домашен терен

9 погодоци на Клечкароски, најдобар стрелец во лигата. Девет примени погодоци, втора најдобра одбрана во лигата, најмалку голови прими 11 Октомври само 4.


10 победа во првенството, најмногу во втората лига. 10 фудбалери ја погодиле противничката мрежа. И.Клечкароски девет  пати, Нически четири пати, Китрозоски три пати, Д.Клечкароски, и Перески по два пати, по еднаш Дејкоски, Карамачоски, Мартиноски , Бакулески и Велески.

13 на тринаесет од четиринаесет натпревари постигнаа погодок, а на дванаесет од нив дојдоа први во предност. Единствено не постигнаа гол на гостувањето кај 11 Октомври кое заврши со мининамален пораз од 1-0.

14 рунди десет победи, два ремија и два порази, со гол разлика плус  16

15 рунда, гостуваат кај Ринија во Гостивар.

16 плус  е гол разликата во корист на “рибарите“

25  постигнати погодоци, најсилен напад во лигата зедно со Тиквеш со 25 успешни реализации.


32  бода од можни 42.

41 жолт картони заработија “рибарите“ во досегашниот  дел од шампионатот.

500  гледачи го проследија мечот одигран во Охрид.

Охрид Лоте

старт со пораз во пролетниот дел од првенството

2  фудбалери пожолтеа на мечот со Ринија, Волчески и Чашитоски. Втор пенал контра на гостувањата , двата ги реализираа домаќините.

3 пенал против Охрид Лоте, трите успешно реализирани

4 минимален пораз со 1-0 на гостувањата, петти минимален пораз од 1-0 воопшто

6 минус гол разликата на “градежниците“


7 натпревар без победа, шест порази и едно реми, седум натпревари во гости една поеда , едно реми и пет порази.

8 пораз сезонава

9 место на табелата, исто како и по 13. рунда.

10 фудбалери ја затресле мрежата на противникот, Толески четири пати, Димоски три пати, М. Стојаноски и Волчески два пати, Речкоски, Мурџоски, Арсовски, Трајаноски, Стисниоски, А. Стојаноски по еднаш.

11 единаести меч во првенството како се најдоа во негатива, осум од нив ги загубија.

12 примени гол на гостувањата.


14 рунди , четири победи, две ремија, и осум порази, 14 освоени бода од можни 42.

15 рунда на домашен терен играат против Влазерими.

17 постигнати погодоци , го имаат седмиот напад по ефикасност. Најефикасни  се Охрид и Тиквеш со 25 успешни реализации.

23 примени погодоци, трета најслаба одбрана во лигата. Повеќе голови имаат примено Влазерими 32 и Локомотива 25.

1000 гледачи го проследија мечот кој се одигра во Гостивар.

М.П.