Во организација на Националниот сојузот на глуви и наглуви на Република  Македонија на каналот Студенчишта се одржа државен натпревар во спортски риболов  во дисциплината „лов риба со јадица на пливка“ во категорија на сениори и сениорки.


Домаќин на натпреварот е Здружението на глуви и наглуви од Охрид во соработка со СРК „Рибарска Вистина“. На натпреварот зедоа учество 12  екипи од: Охрид, Скопје, Прилеп, Струга, Штип, Битола, Куманово, Гостивар, Гевгелија , Кавадарци и Струмица.


Во екипна конкуренција на сениори  победник  е екипата на Охрид 1, на  второ  место се пласира екипата на Скопје а третото место го освои екипата од Штип.

Во поединачен пласман во конкуренција на сениори првото место го освои Ванчо Ословитов   од Скопје со освоени 1500 поени, второто место го освои Сашко Коцев натпреварувач од Струмица со освоени 1380 поени итретото место го освои Стојан Мишев натпреварувач на екипата Охрид 1 со освоени 1290 поени.


Во поединачен пласман во конкуренција на сениорки победник на натпреварот е Ленка Климоска од Охрид , второто место  го освои Сузана Стевоска од Охрид   и третото место Валентина Стефаноска од Струга.

OhridNews