На 15- ти јули, во 05,40 часот , на крстосницата од ул.„Туристичка“ и ул.„Ј.Сандански“, петмина охриѓани кои со возило застанале покрај трафика за продавање сендвичи, биле нападнати од две непознати лица. Едниот од нив застанал на предната страна кај возачот, додека другиот на задната страна кај вратата каде седел пријавителот. Извадиле ножеви, при што едниот со нож го закачил совозачот во пределот на левата рака и му нанесол расекотина. А возачот низ прозорот од возилото, врз лицата употребил црн спреј солзавец.
Истиот ден околу 06,45 часот двете лица и уште едно непознато лице се упатиле во домот на возачот на возилото. Во дворот на куќата се сретнале со неговиот дедо , го прашале каде е неговиот внук, на што тој одговорил дека не е тука и нема телефонски број, а потоа лицата влегле внатре во куќата низ вратата која била отворена и почнале да пребаруваат низ сите соби, при што му се заканувале на дедото на лицето кое го барале. На неговата внука која станала од спиење, и ставиле нож под вратот, заканувајќи и се дека ќе ја убијат. СВР-Охрид превзема мерки за расчистување на настанот.
Полицијата во Охрид интервенирала уште во еден случај викендов.
На ул.„Р.Новичиќ“ полициските службеници интервенирајќи по пријава за нарушен јавен ред и мир од страна на 26- годишен охриѓанец, истиот се упатил према службеното комбе и почнал со раце и нозе да удира по него, а потоа го нападнал униформираниот полициски службеник, удирајќи го со раце и нозе по телото, упатувајќи му при тоа навредливи и погрдни зборови. Од страна на полицијата, лицето е приведено, алкотестирано (1,50%) и задржано во полициска станица.
При приведувањето, родителите на лицето ги попречувале полицајците во преземањето на мерките, по што биле повикани на разговор во ПС – Охрид и по обавените разговори во 21,30 часот се ослободени.