Граѓаните на Охрид не ја поддржуваат идејата на надлежните за замена на дрворедите во центарот на градот.

На анкетното прашање на OhridNews: Дали треба да бидат заменети дрворедите во центарот на градот? – 55 отсто одговориле со НЕ, 26 проценти одобруваат такво нешто но само доколку се обезбедат нови садници, а 19 отсто се за замена на дрворедите. Во анкетата беа вклучени 2701 читател.

Според најавите на локалната самоуправа постоечките дрвореди во централното градско подрачје постепено ќе се заменуваат со нови видови дрвја, што ќе го разубават градот и ќе бидат полесни за одржување.

OhridNews