Санацијата на тревата привремено ќе ги оддалечи Работнички и Вардар од националната арена “Филип Втори“, а натпреварите на кои “романтичарите“ и “комитите“ се домаќини ќе се играат во Ѓорче Петров.


Во 10-та рунда од Првата македонска фудбалска лига Работнички го пречекува ФК Охрид 2004. „Рибарите“ бодови ќе бркаат на стадионот Ѓорче Петров, а можност да истрчаат на “Филип Втори“ избраниците на Антиќ ќе почекаат до наредна прилика.

Натпреварите кои Вардар и Работнички ќе ги играат во Ѓорче Петров:

Работнички                                                    

10-та рунда Работнички – ФК Охрид,
13-та рунда Работнички – Вардар

Вардар

11-та рунда Вардар – Хоризонт Турново
12-та рунда Вардар – 11 Октомври

                                                                Ohridnews