Традиционално по 31 прв пат на Илинден во водите на Охридското Езеро ќе се одржи Малиот маратон, попознат како Илинденски куп. На Илинденскиот куп кој е со должина од 2,5 километри, а се плива на патеката од Горица до градското пристаниште ќе ја пливаат околу 70 натпреварувачи поделени во две категории, од 10 до 16 години и од 16 до 35 години. Стартот е во 16 часот за повозрасните, а час подоцна ќе стартуваат и помладите.


Малиот маратон ќе има пливачи од секаде, само не од Охрид

Учество годинава ќе земат пливачи од сите клубови од Македонија освен за жал маратонците од Охрид. Немаме пливачки базен па немаме ни пливачи – вели Кочо Паскали претседател на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, кој е технички оргазнизатор на маратонот.

Дополниетлен проблем годинава за учесниците на маратонот ќе биде тоа што тие треба сами да обезбедат кајчиња кои би ги прателе до целта. Организаторот пак вели дека тоа го прави со цел да се намалеле трошоците за пливачите.


Со цел скратување на трошокот на учесниците ја намаливме партиципацијата од 1000 на 500 со тоа што пливачките клубови треба да си обезбедат пловни објекти за да ги следат пливачите од вода, вели Паскали.

„Охридски бранови“ обезбедува брод за судии, комплетно спасувачка екипа со 6-7 кајчиња и три медицински екипи. Малиот маратон е под покровителство на Советот на општина Охрид.

На последните три трки победуваше Евгениј Поп Ацев од ПК Студент Скопје, додека рекордот на патеката го држи стружанецот Михајло Ристовски постигнат во 2006 година, со време од 26 минути, 4 секунди и 86 стотинки.

М.П.