Неодамна на сила стапи Уредбата со која сопствениците на моторцикли можат да ги регистрираат своите возила на период пократок од една година.

Имено, важноста на регистрацијата може да биде на 3, 6, 9 или 12 месеци, во зависност од осигурувањето што сопствениците го плаќаат за својот моторцикл.
Оваа можност од неодамна ја користат граѓаните на Скопје, а на иницијатива на Мото клубот Охрид од Охрид истата деновиве започна да се применува и во Охрид. Со тоа охриѓани ќе можат да ги регистрираат своите моторцикли согласно нивните потреби.
OhridNews