Слаба посетеност на натпреварите од куп завршницата во првите два дена од натпреварувањето. Охриѓани како да заборавија каде се наоѓа спортската арена “Билјанини Извори“ која пак требаше да биде собиралиште на љубителите на кошарката. Т.Н Охридски саем на кошарка поминува во тивка атмосфера, речиси и како да не се одржува. Бројката на вљубеници во кошарката за момент се помрдна кога играа охридските преставници Амак СП и Билјана, додека пак на остатнатите натпревари ретко кој и да имаше да им аплаудира на кошаракарите за нивните потези.
Играњето на мечевите во работни денови придонесе да падне посетеноста во салата, интересот за кошарка се намали и поради поклопувањето на терминот со натпреварите во фудбалската Лига на шампиони , но данок зеде и изборната кампања. Така дел од граѓаните “мора“ да одат по минитинзи и да ги слушаат своите кандидати додека пак останатите одат на средбите на кандидатите за градоначлник да видат и чујат кој што ќе им понуди во пресрет на мартовските избори.
Дополнително прашање е и квалитетот на натпреварите. Колку вреди еден трунир да трае четири дена, во услови кога лигата е слаба и од напред се знае кој кого ќе победи, а неизвесно е само со колку разлика.
ГРК Охрид денес ја пречекува екипата на РК Струга во рамки на второто коло од ракометната Супер лига Ракометарите на Охрид велат се фаворити на овој натпревар и упатуваат повик до охриѓани и навива...
ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид по повод Денот на ослободувањето на Охрид – 7 Ноември, по трет пат организира турнир во мал фудбал „Futsal OHRID FREED 2025“, на кој ќе настапат екипи на ј...
Охридскиот веслачки клуб „Горица Ремо“ се подготвува за нов предизвик, учество на младинска регата во Зрењанин, Србија Младите веслачи Ана Ничевска и Андреј Крстески, предводени од нивниот тренер А...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.