Присутните на кабарето „2 Mothers Brothers“што се одржа синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, до солзи се насмеаа на извонредниот хумор на одличните охридски актери Никола Тодоровски и Стрезо Стаматовски. Охриѓани во голем број дојдоа да ја поддржат хуманитарната акција на локалната медиумска заедница, во чиии рамки се одржа популарното кабаре „2 Mothers Brothers“.
Собраните средства од шоуто ќе бидат донирани за лекување на 11 годишно момче од Охрид, на кое му е неопходна операција во Кина која чини 35.000 евра.
Хуманите граѓани може да донираат парични средства преку уплата на жиро сметка на 530500017615254 Охридска Банка. Отворени се и телефонски линии за донации 075 143 113, 077 143 155 и 070 143 105 на мобилните оператори Т- Home, One и Vip.
Акцијата е широко поддржана од граѓаните, Црвениот крст – Охрид, општината, установи, институции, фирми и хумани поединци.
Хуманитарните активности за помош на 11 годишното момче од Охрид неделава ќе продолжат со концерт на млади музички таленти во среда во 19 часот во големата сала на општината, што заеднички го организираат фестивалот „Охрид те сакам“, ЛК „Лихнидос“ и медиумската заедница од Охрид, а во петок во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи ревијален натпревар помеѓу поранешни и актуелни ракометари.
OhridNews