Еден – два пресметката на “Атина Бојаџи“ која ја добија гостите од Прилеп , широко ги отвара вратитете за влез во Првата Лига. За охриѓани остануваат уште шест рунди во кои влегуваат со плус пет во однос на третопласираниот Миравци.


Стратегот на прилепшани Николче Здравески не го криеше задоволството од победата.  – По овој триумф сигурно дека шансите за влез во елитата ни се зголемени, извојувавме сосема заслужена победа, постигнавме два гола имавме и неколку шанси, во финишот на мечот по еден кикс на нашата потесна одбрана примивме гол, но сепак рутински го доведовме мечот до крај – истакна тренерот на 11 Октомври , Николе Здравески.


Охриѓани тагуваат за пропуштената шанса, но со кренати глави ја продолжуваат трката за влез во Првата лига.  – Надиграни бевме, не ни оставија простор за игра и сметам дека заслужено ја однесоа победата. За нас ништо не е загубено, остануваме во трка за местата кои водат во Првата лига и очекувам целта во овие преостанати шест рунди и да ја оствариме – потенцираше Зоран Ѓорески, тренер на Ф.К. Охрид.

Во наредната рунда Охрид го очекува тешко гостување кај Миравци, додека 11 Октомври гостува кај Дрита.

М.П.