Охридските ракометари претпреа пораз 24-21 (14-9) од Тектсилец во Штип во дербито на сезоната во Првата ракометна лига.

По одличниот старт и предноста од 5-2, охриѓани застанаа следуваше серија на домаќините од 10-0 која се чини и го одлучи победникот. Во овој “бланк“ период, охриѓани промашуваа од “зицер“ позции, а противничката мрежа не успеаа да ја затресат ниту и од линијата за седум метри.

По паузата се консолидираа редовите на охридскиот лигаш и резултатски гледано усепаа да го добијат вториот дел, но не и да се извлечат од пораз.

Во последното коло од есенскиот дел од лигата, охриѓани гостуваат кај Јаков во Македонска Каменица.

М.П.