Охридските фирми, самостојните вршители на дејност и сметководителите кои сакаат да научат нешто повеќе за начинот на функционирање на системот за електронски данок, ќе може да бидат дел од обуката за е-Даноци која ќе се одржи на 12-ти март во Даночното одделение во Охрид.

На бесплатната обука која ја организира Даночната академија на Управата за јавни приходи на Република Македонија ќе бидат презентирани практични примери за користење на е-услугите во делот на даночната регулатива. Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да се пријават кај организаторот најмалку два дена пред нејзиното одржување.

Управата за Јавни приходи ваква иста обука во Охрид организираше и на почетокот на месец февруари.

OhridNews