Речиси сите примероци од новиот роман на охридскиот писател Томислав Тунтев „Светиот завет“ кои беа пуштени во продажба на денот на промоцијата на книгата се продадени. Дел од средствата од промотивната продажба на романот одат во хуманитарни цели, со што охриѓани уште еднаш покажаа висока свест.

Голем гест направи лајанс клубот „Лихнидос“ кој откупи 50 примероци од романот со што ја потпомогна хуманитарната активност на Црвениот крст и авторот на книгата.

Како што информираат од Црвениот крст со собраните средства од хуманитарната продажба на романот „Светиот завет“ ќе бидат подготвени повеќе прехрамбени пакети кои ќе им бидат доделени на социјално загрозени семејства во градот во рамки на одбележување на „Неделата на борба против гладта“.

OhridNews