Без стандардните првотимици од минатата сезона со петнаесетина фудбалери, новиот стратег на Охрид, Здравко Цветаноски ги започна подготовките за “повратната“ сезона на “рибарите“ во првата лига.

Од првиот ден на подготовките на Цветаноски , на располагање се стави поранешниот македонски репрезентативец Гоце Толески, кој покрај играчката, ќе ја има и улогата на помошник на стружанецот, додека со голманите останува да работи Миле Цветкоски.

“Сенаторите“ во клубот поради не исплатените плати и премии не ги започнаа подготовките зеднички со тимот, туку самостојно тренираа на Градскиот стадион.

На стартот на подготовките го немаше ниту најдобриот стрелец од минатата сезона Игор Клечкароски, кој најави дека има неколку понуди, но и тоа дека Охрид е првиот клуб со кого ќе седне на маса за продолжување на соработката.

М.П.