Охридскиот футсал тим ја прекина негативната низа со победата на гостувањето во Тетово кај Шкендија со 7-4. Стрелци во победата беа Бимбилоски 4 пати, Ицоски Зоран и Струмоски Александар погододија по два пати.


Работиме напорно, имавме серија пехови кои ги плативме со порази и ремија, време беше да пукнеме една ваква “тројка“ – истакна стрелцот на “покерот“ голови Бимбилоски.


Во наредното коло охриѓани патуваат кај Алгомак во Св. Николе. Во првиот круг “сините“ беа подобри од Алогмак победувајќи со 7-2.

М.П.