И покрај високата победа од тениски 6-0 на гостувањето во Миравци од ФК Охрид  се жалат на лошиот прием и односот на домашните фудбалери пред, за време и на крајот од мечот.


“За прв пат оваа година наидовме на противник кој беше настроен на сила да го добие натпреварот. Досега мечевите на гостински терен ги одигравме во фер и коректна амосфера и на победниците им ја честитавме победата, но ова во Миравци беше вандализам на домашните.

За време на мечот притисоците беа кон судиите, кои во целост го оправдаа “интернационалниот амблем“, главниот судија во неколку наврати отиде кај делегатот со напомена дека ќе го прекине натпреварот по вандалското однесување кон вториот помошник, кој беше каменуван, потуран со вода но и на сето тоа судиите смогнаа сили и го приведоа натпреварот до крај. Некореkтниот однос на домашните, кулминириаше со вулгарности, закани дека ќе бидеме линчувани.

Жалосно е на оние феноменални  услови кои ги има во Миравци со одличен терен да наидеме на онакво вандалско однесување , згрозени сме од таквата создадена ситуација од страна на претседателот на клубот и од тренерот на Миравци. И покрај се ние победивме со 6-0, но да беше тесен резултатот не ни сакаме да помислиме што можеше да ни се случи.

Нашите односи со клубот во досегашниот дел беа коректни ,но оваа тензија што ја направија незнаме каде води. Ние дома бевме поразени од 11 Октомври и смогнавме сили и им честитавме на победата, ако нему беше тешко тоа беше за нас  што го загубивме мечот пред 3000 гледачи. Но фудбалот не смее да се гледа од еден натпревар.“ – се вели во реакцијата на клубот.

Ohridnews