Охриѓани реагираат дека со години не е подигнат отпадот положен од несовесните граѓани кај местото Лакосигној на планината Галичица.

Оваа есен некој има провалено во објектите и украдено она се што му требало. Зад себе оставил неред, кој никој не го има санирано. На оваа локација редовно има групи на странски туристи кои сакаат да уживаат во убавините на планината. Но кој впечаток ќе го добијат тие со овој наш приказ?“ – велат револтирани граѓани.

Исто така, охриѓани се жалат на кабли по самиот пат на кон оваа локација, кои претставуваат вистинска опасност за пешаците.

OhridNews