Група граѓани се обратија до редакцијата на Ohridnews со забелешка дека е направен пропуст од страна на организаторот на националниот избор на песна за Евровизија:
 
„Ви се обраќаме со една сериозна забелешка поврзана со Националниот избор за песна за Еевровизија, организиран од страна на МРТВ. Имено, при пратење на истиот, не можевме, а да не забележиме, дека во текот на целиот пренос,се појавуваше шпицата “Eurovision Skopje 2009”. Се најдовме збунети поради фактот што 18 години Република Македонија води спор со соседна Грција за употреба на своето уставно име, а во случајов истото свесно или несвесно се игнорира од страна на националната ТВ на Република Македонија“, се вели во реакцијата на група граѓани.

Ohridnews