“Рибарите“ се пред уште еден дерби дуел пред своите гледачи и во последниот меч од 16-та рунда го пречекуваат актуелниот првак во првaта македонска фудбалска лига тетовска Шкендија.


Избраниците на српскиот стратег Драган Антиќ се во мини криза откако за триумф незнаат три натпревари,а  во исто толку меча не го пронајдоа патот до противничката мрежа.


На последниот натпревар пред домашната публика очекуваме со победа да се простиме од нашите верни гледачи. Мака мачиме со повредите, но кој и да добие шанса ќе го даде максимумот да го совладаме актуелниот првак – истакна офанзивецот на охридските бели, Христијан Димоски.

Фудбалерите на Охрид 2004 знаат како во овие дерби дуели со екипите од горниот дел од табелата. На домашен терен го запреа Металург играјќи 0-0, на “Филип  Втори“ го совлада Работнички со 2-1 додека во минатото коло “рибарите“ прерпеа несреќен пораз на гостувањето кај лидерот во прволигашкото друштво Вардар.


Позицијата на табелата говори дека се работи за квалитетен состав каков што е Шкендија, меѓутоа Охрид во оваа сезона докажа дека може да се носи со екипите од големата четворка. Нема да биде изненадување и од овој натпревар да излеземе со поволен резултат  –  потенцираше “штоперот“ во охридскиот состав Егзон Белица.
 
Двајцата тренери ќе имаат проблеми околу составувањето на екипите кои ќе истрачаат на “Атина Бојаџи“,  во составот на Охрид дефанзивците Велески и Лескароски тренираа под посебен режим, на мечот со Вардар повреди заработија Алими и Шаќири додека во таборот на охриѓани се очекува враќањето на капитенот Сашо Ѓорески. Во составот на “црвено црните“ ќе недостасуваат повредените Усеини , Сали и “поцрвенетиот“ Мишковски а неизвесни се Бериша и Ниќитовиќ.


Последниот натпревар од 16-та рунда ќе го води Зоран Бошков од Неготино додека помошници ќе му бидат Недев Гоце и Петров Марјан. Првиот меч помеѓу Охрид 2004 – Шкендија му припадна на тетовчани со 2-0, стрелци на головите беа Пеев и Куртиши.

Мх.П.