Охрид во овогодинешниот второлигашки шампионат ќе има два второлигаши. И двата клуба потајно или појавно имаат желба наредната година да се најдат во прволигашката конкуренција. Охрид како град има капацитет не само за два второлигаши туку и за еден стабилен прволигаш, сметаат тие.  

Во преодниот рок, “рибарите“ се засилија со проверни и искусни играчи. Во Охрид дојдоа голманот Карамачоски , потоа искусните Митрески и Перески во одбраната, а конците во средниот ред ќе ги влече ветеранот Нически.

Со овај играчки кадар со кој располагаме  очекувам пласман во врвот на табелата, амбициите на клубот се да сеж направи здрав Охрид, една здрава средина каде што сите охриѓани ке бидат вклучени – вели Зоран Ѓорески – Џајо кој годинава ќе седи на клупата на Охрид 2004.  

Ниту помалиот брат, Охрид Лоте не седеше со скрстени раце, па и тимот кој преку третата лига обезбеди пласман во вторлигашкото друштво ангажираше искусни фудбалери

Во преодниот рок се засиливме со нови играчи, голманот Марковски, потоа искусниот Пресилки, Стисниоски, Деловски, а од хрватското првенство од Цибалија во Охрид дојде напаѓачот Аце Стојаноски – вели секретарот и потпарол на клубот Охрид Лоте, Спасе Панџак.


Целта на двата второлигаши е да се најдат во врвот на табелата па и да се замешаат во трката за местата кои водат во Првата лига. Многу работи зависат од стартот на шампионатот

Секој пласман под шестото место ќе го сметам за неупех. На стартот гостуваме во Локомотива, распоредот е прилично тежок за есенскиот дел , ние играме два натпревари во Скопје и ако треба некаде требда да се бркаат гостински бодови тоа се скопките терени. Во третото коло играме со новајлите Еуромилк кои сигурно на стартот се страшно мотитвирани – потенцираше популарниот Џајо

“Градежниците“  пак од друга страна според нив имаат полесен распоред од кој  сметаат дека може да профитираат.

Спортистот не би бил спортист, ако не се надева и не граби напред, а тоа за нас во моментов е влез во елитнотно друштво. Имаме повелен распоред  успеавме да донесеме неколку квалитетни засилувања, кои верувам дека ќе го подигнат квалитетот,  со оглед на тоа што Охрид Лоте нема да се задоволи со играње во втората лига, туку ние сакаме да направиме уште еден чекор понапред , односно да обезбедиме пласман во првата МФЛ – истакна Панџак.

Од двата  тима потенцираат дека конкуренцијата е здрава работа, ја истакнуваат  добрата меѓусебна соработка  и посакуваат по пауза од десетина години барем еден клуб во наредната сезона да донесе прволигашки фудбал во Охрид. Охридското дерби на прогрмата пак ќе биде во последното 13 коло во есенскиот дел од шампионатот.

М.Постоловски