“Гладијаторите“ се пред нова дерби “пресметка“ во Првата машка ракометна лига, во “Атина Бојаџи“ гостува осмопласираната екипа на Ѓорче Петров 64. Сезонава охриѓани на домашен терен се неприкосновени победувајќи ги сите противници, од клубот се надеваат дека таквата серија ќе продолжи и на мечот со “лавовите“ кои засилени атакуваат на втората позиција која води во бараж средба за Супер Лигата.


Не очекува тежок натпревар, в недела со екипата на Ѓорче Петров. Нашиот нареден противник поседува голем потенцијал, чудно е што се наоѓаат толку долу на табелата, таквата теза ја потврдува победата во минатотот коло над лидерот Текстилец. Ние не сме “гостопримливи“, имаме одлична серија на домашен терен која се надеваме дека ќе продолжи со голема помош од публиката во Охрид. Затоа ги повикуваме сите навивачи и симпатизери на ракометот и воопшто на спортот да присуствуваат на дерби средбата со Ѓорче Петров 64 – велат од клубот Охрид 2011.


Дерби натпреварот од 16-та рунда во првенството помеѓу Охрид 2011 – Ѓорче Петров е закажан за в недела во 17 часот.

Мх.П.