По подолго време Охрид и спортската арена Билјанини Извори . ќе бидат домаќини на кошаркаската куп завршница. На т.н “саем на кошарката“ ќе продефилираат 16 екипи, 8 во машка, 4 во женска и 4 младински клуба.
Финалниот турнир ќе биде увертира за кошаркарски богатата сезона во Охрид. Покрај куп и плеј оф натпреварите на клупско ниво , Охрид и Билјанини ќе бидат домаќини и на ЕП “Б“ дивизија за кошаркарки до 20 години, а во Август сениорскиот “Трофеј Македонија“ на кој ќе учествуваат Македонија, Полска , Србија и Русија ќе се игра во Охрид.
– Очекувам подобра посетеност од онаа на Европското ракометно првенство. Се надевам дека салата ќе биде исполнета до последното место со што ќе се покажеме како добри домаќини. Цената на дневниот билет за следење на три натпревари ќе биде 100 денари – информираат од Јавното.