Ротари Интернешнл во чие семејство се и Ротари и Ротаракт Клубовите од Охрид, заедно со своите партнери, почнувајќи од својот прв проект за вакцинација на деца на Филипините во 1979 година, ги намали случаите на детска парализа за 99,9 проценти ширум светот.

– Многу сме блиску до искоренувањето на детската парализа во светот, но за тоа потребна ни е и помошта од заедницата во покренувањето на општествената свест за борбата против оваа болест, потенцира Драган Здравески од охридскиот клуб Ротари.

Токму затоа, Ротари и Ротаракт Клубот Охрид, заедно со Ротари Клубовите ширум светот го одбележува 24 Октомври – Светскиот ден на борбата против детската парализа при што организира донаторски настани. Таков настан денес во Охрид се одржа во Бистро „Корнер“ каде охриѓани се приклучија  во одбележувањето на светскиот ден за борбата против детската парализа и направија глобално влијание за заштита на децата од оваа болест и тоа на начин што го триплираа го својот придонес.

Во текот на денот, на секој дониран паричен придонес за борба против детската парализа во светот, Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс на тој придонес ќе учествува уште со дупли износ, односно доколку некој донирал 100 денари, Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс на таа сум ќе учествуваа со уште 200 денари, а на тој начин со таквиот придонес ќе бидат купени 10 вакцини против детска парализа, односно ќе бидат спасени 10 детски животи ширум светот.

OhridNews