На охридксото Кале денеска (8ч.) ќе се спроведе кампањата „Македонија без отпад“ која има за цел да придонесе за здрава и чиста животна средина и развивање на свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.
Акцијата во која можат да се приклучат сите заинтересирани граѓани, ќе се одвива на два пункта и тоа: пред влезот на Самоиловата тврдина и на паркингот кај Горна Порта. Целиот отпад што ќе биде собран ќе биде подигнат од страна на ЈП„Охридски Комуналец“.
Акцијата е поддржана од општина Охрид, а организатори се Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата „Ајде Македонија“.
OhridNews