Голем број охриѓани и гости со свеќи во рацете доцна попладнево организирано се упатија кон Плаошник со цел да му оддадат почит на Првиот македонски архиепископ, творец и заштитник на Охрид, Свети Климент Охридски.

Поворката ја предводеа претставници на општина Охрид според кои со овој настан се пренесува духовна порака на сплотување и заедничко изразување на почит кон Светецот.

Овој настан годинава се одржува по трет пат и е дел од чествувањата за патронот, кои ги организира општина Охрид.

Според најавите, утре на 8-ми декември во 9:30 часот, градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на делегациите кои присуствуваат во Охрид по повод патронот на градот, ќе присуствуваат на свечената литургија во Светиклиментовиот храм на Плаошник. По завршувањето на литургијата градоначалникот и делегациите ќе положат свежо цвеќе пред спомен обележјата на „Св. Климент Охридски“ во ОУ „Св. Климент“ и на Градскиот плоштад.

OhridNews