Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти јуни- Светскиот ден за заштита на животната средина, во соработка со основните и средните училишта од Охрид, вчера, организираше акција за собирање на стара хартија. Акцијата наменски се организира на крајот од школската година, со цел учениците да ги донесат сите непотребни списанија , тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште, каде беа поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Можност да се вклучат во акцијата имаа сите граѓани и институции од Охрид, но малкумина ја искористија. Во дел од училиштата, како О.У. „Кочо Рацин“, одзивот на учениците и граѓаните, беше масовен, а некаде едвај се собра по една “торба“ стара харатија.
Целта на активностите што Секторот за урбанизам и заштита на животната средина ги реализира во рамки на „Недела на животната средина“ е да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.