Она што во светoт е вообичаено, кај нас е несекојдневно, па било тоа да се навики за одлагање на отпад. Во  развиените земји одамна е практика да се селектира отпадот, а кај нас сеуште тешко оди убедувањето на граѓаните да се приклучат кон акциите за собирање отпад.


Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти јуни- Светскиот ден за заштита на животната средина, во соработка со основните и средните училишта од Охрид, вчера, организираше акција за собирање на стара хартија. Акцијата наменски се организира на крајот од школската година, со цел учениците да ги донесат сите непотребни списанија , тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште, каде беа поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Можност да се вклучат во акцијата имаа сите граѓани и институции од  Охрид, но малкумина ја искористија. Во дел од училиштата, како О.У. „Кочо Рацин“,  одзивот на учениците и граѓаните, беше масовен, а некаде едвај се собра по една “торба“ стара харатија.


Целта  на активностите што Секторот за урбанизам и заштита на животната средина ги реализира во рамки на „Недела на животната средина“ е  да се укаже  на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.

OhridNews