Вечерва во 19 часот во Охрид започна собирањето потписи за поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата на претстојните избори, актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Како што изјави претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, поддршката која охриѓани ја даваат за актуелниот претседател е голема.

Како што можете и самите да забележите интересот е навистина огромен, а граѓаните од Охрид масовно се дојдени да дадат поддршка за кандидатот за претседател, г-динот Ѓорѓе Иванов. Тоа покажува колкава е моќта и силата на ВМРО-ДПМНЕ во овој момент како партија.“ – истакна Михаилов.

Тој истакна дека на предвремените парламентарни и претстојните претседателски избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува уште една голема победа.

Мислам дека и на овие избори кои ќе бидат комбинирани, претседателски и парламентарни, ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува уште една голема победа со што политиките кои ги водиме ќе бидат зацврстени и ќе продолжиме да работиме на проектите кои ги ветивме на претходните избори. Навистина сме задоволни и среќни што имаме толкава поддршка од граѓаните.“ – истакна Михаилов.

Градоначалникот на Охрид и член на Извршниот комитет на владејачката партија, Никола Бакрачески, потенцира дека денешната Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ  во Скопје, на која се одлучуваше кој ќе биде претседателски кандидат на владејачката партија, поминала во демократска атмосфера.

Денеска имавме можност да присуствуваме на една од најдемократски спроведените процедури за номинирање кандидат за претседател на РМ, што се случи попладневно во Универзалната сала во Скопје. Веднаш после објавувањето на изборот, следуваше процедура за собирање на 10 000 гласови, а како што можете да видите, граѓаните на Охрид масовно излегоа да ја дадат својата поддршка за номинацијата на г-динот Ѓорѓе Иванов. Атмосферата е на високо ниво, а граѓаните се возбудени од изборот.“ – рече Бакрачески.

Инаку, на денешната Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ оддржана во Скопје,  мнозинството делегати ја поддржаа кандидатурата на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов.

OhridNews