За разлика од 2011 кога охриѓани најчесто се интересирале за урбанизмот, во 2012 најголемиот број од поднесените прашања се однесувале на јавните дејности, работата на советот, финансиското работење на општината, прибирањето на даноци и прашања од комуналната сфера.
– Од неодамна практика е да пристигаат барања со повеќе потточки за повеќе информации. Ние не ги отфрламе, ги спроведуваме и на барателите во законски предвидениот рок им ги испраќаме бараните податоци, вели Васко Ложанкоски, овластено лице во локалната самоуправа за давање информации од јавен карактер.
Ложанкоски потенцира дека од стапувањето на сила на законот за пристап до информации од јавен карактер пред шест години, општина Охрид во потполност го реализира законот во рамки на дадените овластувања.
Бројот на поднесени барања за информации и во текот на изминатите години се движел од 25 до 40.