– Кај клучката каде сега за жал и голем срам се фрла градежниот шут од изградбата на куќи и згради во Охрид, се покри еден од најатрактивните и најсочуваните објекти во охридскиот регион. Тоа најверојатно се јавните терми на регионот или Вила Рустика која е со атрактивна архитектура, чии подови целосно се зачувани со мозаична подлога, чии ѕидови се зачувани во висина од 2, 5 метри на кои се гледаа и прозорците, но тие денес се трупаат со шут и отпад, изјави археологот Владо Маленко, кој неодамна во емисијата „Охридски разговори“, што се емитува на OhridNews, зборуваше меѓу другото и за овој проблем.
Охриѓани со шут затрупаа вреден археолошки локалитет
Откриени, а недоистражени археолошки локалитети кои исто така се загрозени од човекот има и во Љубанишко поле кај Св. Наум. Тие според археолог Маленко се од исклучително научно значење и можат да придонесат во откривањето на тајната каде се наоѓал древниот Девол каде дејствувал Св. Климент Охридски.