На натпреварот учество ќе земат и одгледувачи на украсни птици од Охрид, кои ќе учествуваат и во оценување на натпреварувачите.
Посебно внимание на натпреварот привлекува изложбата на македонскиот автохтон вид гулаб „Македонска Масарка“, која македонските одгледувачи се обидуваат да ја заштитат, бидејќи во соседството веќе имало обиди за нејзино присвојување.
Според најавите во текот на утрешниот ден ќе бидат изложени украсните птици и ситни животни, а свеченото отворање и натпреварувачкиот дел ќе се одржат во недела од 8 до 14 часот.